Мистериозен џип со норвешки регистерски ознаки бил оставен на сред улицата „Прашка“ во населбата Тафталиџе.
Имено, автомобилот покрај тоа што го попречувал сообраќајот, го привлекол вниманието на минувачите но и на полицијата.
Според информациите на Нова тв, во возилото немало ниту еден човек, но истото долго време стоело во таа позиција со вклучени трепкачки светла.
Засега не е позната причината зошто автомобилот бил оставен на сред улица.