Македонија

Привремено не функционира бројот 193 за тетовската пожарна, да се користи бројот 112

Привремено не функционира бројот 193 за тетовската пожарна, да се користи бројот 112

Поради технички проблеми бројот 193 не може да се користи за повикување на тетовската пожарна, па оттаму препорачуваат граѓаните по потреба да ја бараат противпожарната единица преку бројот за итни повици 112.

– Бројот 193 моментално не функционира и деновиве додека се надминат технички проблеми граѓаните да не повикуваат на бројот 112 број за итни повици или преку полицијата на 192, информира Авни Амети, командант на Територијалната противпожарна единица Тетово.

Европскиот број за итни повици Е-112 што е во опција во државата од февруари годинава се користи веќе неколку месеци на територија на Тетово.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни