Македонија

„Не победува на натпревар за убавина, ама ве води во ЕУ“ – Амбасадорот на Холандија: Францускиот предлог е „многу европски компромис“

„Не победува на натпревар за убавина, ама ве води во ЕУ“ – Амбасадорот на Холандија: Францускиот предлог е „многу европски компромис“

Компромисот преку францускиот предлог не победува на натпревар за убавина, туку е многу европски предлог кој ве носи во ЕУ, вели холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп.

Зборувајќи за реакциите во јавноста и за стравот на Македонците од загрозување на  јазикот и идентитетот, тој рече дека „многу емоции не се нешто ново на Балканот“ и дека „драмите никому не помагаат“. Сакаме напредок и стабилност за Македонија, не затоа што ве сакаме, туку затоа што мислиме дека ова е добро и за нас и во наш интерес, рече Јан Коп.

„Единствено важно за оваа земја е да се почне. Политиката на Унијата е билатералните прашања да се решаваат меѓу самите држави и нивните соседи и да немаат место во преговарачкиот процес. Ние ќе го следиме ова, Европската комисија исто така рече дека ќе го следи, па ако можеме да имаме некаков компромис меѓу вас и Бугарија, ова ја отвора вратата и да бидам искрен многу повеќе ме интересира крајот на преговорите. отколку почетокот.  Дали една држава, теоретски, може да го блокира процесот? Да. Секое ново поглавје од разговорите е нова политичка одлука, за која е потребен консензус меѓу сите земји членки, но теоретски да кажеме дека во 5,6 или 7 години кога поминувавте низ процесот, сè уште постои проблем, ќе станете  Швајцарија“, вели Дирк Јан Коп.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни