Македонија

Рускоска со завршни зборови за „27 април“ – намера за убиство на Заев, Села и Манчевски, вели заштитен сведок

Обвинителката Вилна Рускоска, во завршните збори за случајот „27 април“ го цитираше заштениот сведок С1, кој тврдел дека Никола Груевски бил организатор на настаните. Тој ден, како што вели Рускоска, повикувајќи се на сведокот, бил во постојана комуникација со Митко Чавков.

Рускоска рече дека организаторите на 27 април предизвикале страв и трауми кај граѓаните, затоа побара високи казни за сите обвинети. Убедена е дека се виновни, но рече дека треба да се чека одлуката на судот.

„Јас не побарав ништо само го цитирав законот кој предвидува минимум 10 години казна затвор. Очекувам во најкраток рок да се донесе наредба за спроведување на истрага и за организаторите, а кои ќе бидат тие, ќе видите кога ќе ја изготвиме наредбата“, изјави Вилма Рускоска – обвинителка.

Вилма Рускоска – обвинителка

Јане Ченто и Александар Василевски – Нинџа по 27 април му биле лути на Чавков и дека цело време работеле по директива на Груевски. Ова го кажал заштитениот сведок С1. Воедно тој, како што вели Рускоска, изјавил дека лицата кои носеле пиштоли во Собранието, меѓу кои биле Игор Југ и Јане Ченто, требало да ги убијат Зоран Заев, Дамјан Манчевски и Зијадин Села.

По денешното рочиште, со реакција излегоа од независната парламентарна група на

ВМРО-ДПМНЕ. Тие порачуваат Јавното обвинителство да го почитува Законот за амнестија.

„Со жалење констатираме дека, денес Јавното Обвинителство не ги испочитува одредбите од член 1 од Законот за Амнестија, каде многу прецизно е дефинирано за какви дела треба да продолжи судскиот процес. Апелираме судот да ги почитува законските одредби на Законот за амнестија, имајќи ги в предвид доказите кои беа презентирани во текот на судската постапка“, велат од независната пратеичка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку обвинителството останува на истото – обвинение за делото Терористичко загрозување на уставниот поредок. Секаде каде се спомнуваа амнестираните, потенцирано е дека постапката против тие лица е прекината.

РЕПОРТЕР: АРМЕНД ГАШИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни