Свет

ВИДЕО: Се отвори дупка во базен – еден човек почина

ВИДЕО: Се отвори дупка во базен – еден човек почина

Клил Кимхи (32) почина во четвртокот кога беше одвлечен во вител на дното на базенот во вилата што неговата маркетинг компанија ја изнајми во градот Кармеи Јосеф, во централен Израел, објави Телеграф.

Еден од учесниците на забавата посочил дека дупката се отворила без предупредување додека околу базенот имало околу 50 луѓе.

„Нивото на водата наеднаш почна да опаѓа и се отвори огромна дупка, што предизвика вртлог кој вовлече две лица“, изјави еден од очевидците.

Човекот кој накратко бил заглавен во дупката избегал со полесни повреди, но телото на Кими е пронајдено неколку часа подоцна на дното на тунелот долг 15 метри што се отворил под базенот.

Брачна двојка на возраст околу 60-тина години, на чиј имот се одржала забавата, е уапсена под сомнение дека од небрежност предизвикале смрт.

На видеото може да се видат луѓе како седат на страна од базенот и гледаат како човек се лизга и речиси е вшмукан во дупката, додека во позадината свири денс музика.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни