Македонија

За една недела 643 заболени од грип во Македонија

Институтот за јавно здравје соопшти дека во текот на четвртата недела од 2019 година, поточно од 21.01. до 27.01, во Македонија се пријавиле 643 случаи со симптоми на грип, или заболувања слични на грип.

„Во периодот од 21.01. до 27.01 е увидено зголемување за 20,2% во споредба со минатата недела. Бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 40,7% споредено со 4-та недела од минатата сезона (n=1.085), а во однос на бројот за 4-та недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 8 сезони) постои намалување од 77,4%.

Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=35,07/100.000). Активноста на вирусот на грип е под сезонското ниво, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.

Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 19 материјали за тестирање на грип, од кои 12 (63,2%) позитивни за присуство на вирусот на грип – 10 Influenza A(H1N1)pdm09 и 2 Influenza A(H3).“, велат од институтот за јавно здравје.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни