За прв пат собраниската седница на Комисијата за надворешна политика е затворена за јавноста. Како што изјави претседавачката на комисијата Ивана Туфегџиќ, тоа е направено поради тоа што некои амбасадори ќе изнесуваат класифицирани информации.
„Со оглед на реакциите на опозицијата и на новинарите околу затворената седница на комисијата за надворешна политика каде се презентираат тезите на 10 идни амбасадори од различни земји. Од Министерството за надворешни работи тезите од амбасадорите кои се пристигнати се квалифициран материјал. Од тие причини согласно деловникот ние мора да ја затвориме седницата бидејќи има степен на класификација“, рече на прес конференција Ивана Туфегџиќ.
Ова е прв пат амбасадорите да ги бранат тезите тајно. Во досегашната практика овие седници биле отворени за јавноста.