Македонија

Заев во посета на „Костал Македонија“: Оваа германска компанија е доказ дека реираме политики за рамноправен регионален развој

Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и со в.д. градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиевски, вчера беа во посета на германската компанија со подружница во Република Македонија, „Костал Македонија ДООЕЛ Охрид“.

По кратката обиколка на фабриката, Премиерот во својата изјава, меѓу другото истакна дека е импресиониран од капацитетот и од условите за работа коишто ги нуди Костал, германска компанија којашто веќе трета година во Република Македонија произведува електронски и мехатронски делови за автомобилската индустрија.

„Согласно договорот за државна помош, компанијата до крајот на минатата година требаше да инвестира помеѓу 20 и 30 милиони евра и да вработи најмалку 300 луѓе. Но актуелната состојба покажува дека овие бројки не само што се достигнати, туку дека се и многу поголеми од предвидените.

Како што ме информираше раководството, компанијата досега инвестирала 29 милиони евра, а во фабриката се вработени околу 350 луѓе. За истакнување е фактот дека просечната бруто плата изнесува повеќе од 730-тини евра или нето платата е 495 евра, што е близу до просекот којшто е амбиција на сите граѓани во Република Македонија.

Нивните амбиции продолжуваат и се очекува зголемување на капацитетите и во финансиски ефекти и во нови работни места“, изјави Заев.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни