Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска на денешната расправа за одземањето на имунитетот на Љупчо Димовски, му се обрати на претседателот на Комисијата за деловнички и мандантно -имунитетни прашања Павле Богоевски, порачувајќи му за да му се олесни задачата, порача да бидат одземени сите имунитите, прашувајќи го дали некаде имаат направено „Голи Оток“?
„Се случува најголемото деградирање на пратеничката функција во историјата на Македонија. Кажано ви е дека тука нема да застанете. Ова не е правда, ова е одмазда за оние кои не гласаа за името. Ова е одмазда за опозицијата да биде замолчена, а тоа нема да ви успее.
Еве да ви олесниме. Затоа што ви стана навика да одземате имунитети, осум пати за две години, одземете го на сите пратеници. Можеби имате и Голи Оток некаде направено!? Имате ли чувство, имате ли сенс, Павле имате ли човечност. Втор пат за колегата Димовски барате на симнување имунитет. Не знам како можете, како совеста не ве мачи.
Оваа твоја клупа, Павле, е осуденичка клупа, опозицијата треба да биде замолчена. Она што го велиш да не стоиме на патот на криминиалот, еве ти кажувам во очи те гледам. Јас сум прва против криминалот. Општо за сите партии, секој што сторил криминал, не од ВМРО, не од СДСМ, не од ДУИ, од сите партии. Ќе одговораат ли Павле, нема правда нема мир, за кого беше Павле? Нема Павле правда, нема мир. Цела јавност знае кој ќе лежи кој нема да лежи. Ќе кажам, секој што сторил криминал и што украл народни пари да одговара, без разлика од која партија е. Колегата Димовски не беше вака прогонуван кога имаше поголемо обвинение“, изјави меѓудругото во своето обраќање Ласовска, која го почна дека нема да станува на говорница, затоа што сакала да го гледа Богоевски во очи.