Најмалку 15 лица загинаа во поплавите во источната американска држава Кентаки, предизвикани од обилните дождови, информира гувернерот Енди Бешеар.
Според него, меѓу жртвите има и деца.
Бешеар прогласи вонредна состојба во шест области и посочи дека се очекува бројот на жртвите да се удвои.
Тој додаде дека може да бидат потребни години за поправање на предизвиканата штета.
– Во моментов се соочуваме со една од најлошите, најразорни поплави во историјата на Кентаки. Стотици ќе ги загубат своите домови, рече Бешеар и додаде дека националната гарда и државната полиција со хеликоптери и чамци ги спасуваат луѓето погодени од поплавите, додаде Бешеар.
Тој наведе дека повеќе од 200 лица се сместени во прифатилишта.
Според веб-страница за информирање за прекини на струја, 33.000 домови во источен Кентаки, Западна Вирџинија и Вирџинија се без електрична енергија