Македонија

Николовски: Државата ќе го исплати долгот на „Повардарие“ и „Стефанс винарија“,

„Државата ќе го исплати долгот што винарниците „Повардарие“ и „Стефанс винарија“ го имаат кон лозарите во најбрз можен рок“, ова денеска во Кавадарци им го соопшти на лозарите од тиквешкиот регион, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Притоа министерот Николовски дека со ваквата одлука на Владата ќе бидат опфатени сите лозари кои во периодот 2014-2016 година го предале грозјето во винарници кои што во тој период биле регистрирани во регистарот на МЗШВ , а обврските не им биле подмирени, односно не добиле пари за предаденото грозје.

„Заокружуваме еден процес во кој што бевме сите, ние како ресорно министерство, ДИЗ, Платежна агенција, градоначалниците  и пратениците од Тиквешкиот регион, лозарите . Државата согласно Законот за земјоделство и рурален развој и итните измени на законот кои пратениците од Тиквешкиот регион ќе ги предложат во понеделник ќе го овозможи правниот основ да државата ги преземе овие обврски и тоа ќе биде за сите оние лозари кои го предале грозјето во периодот 2014-2016 во регистрирани винарници кои биле регистрирани во тој период во МЗШВ но обврските не биле подмирени, а тоа се и винарниците „Повардарие“ и „Стефанс винарија“. Правна можност постои и со премиерот договоривме во четврток на посебна владина седница, да се измени Програмата и Уредбата за директните плаќања за 2019, со која ќе се создадат услови за исплата на парите. Веднаш по евиденцијата од страна на Инспекторатот и Платежната агенција, ќе се исплатат парите кон лозарите од над 1.5 милиони евра. Ова е вистински пример на грижа на државата за граѓаните  и враќање на парите кај граѓаните“, изјави министерот Николовски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни