Ибрахим Таировски негира дека од сметката на Сојузот на глуви и наглуви, потрошил 1,1 милион денари додека бил в.д претседател. Ваквите обвинувања на негова адреса ги упари претседателот на сојузот Томица Стојановски.Таировски тврди дека изводите и фискалните сметки ги доставил до Министерството за труд и социјална политика. Негира дека некој го натерал или тој натерал некого да земе нелегално пари. Таировски ги исплатил толкувачите и делегатите што требало да ги исплати Стојановски.
-Немам подигнато милион и сто, како што се изјаснил Томица, се има префрлено плата за сите секретари, по 10 000 денари на сите 18 општински здруженија, имам подигнато 300 000 денари кои се материјални трошоци – вели Таировски.
Таировски обвинува дека Стојановски им префрлува сретства само на скопските здруженија, а не и на оние во Куманово, Прилеп, Гостивар, што актуелниот претседател вели дека не е точно. За Таировски не е логично да се подигнати милион и сто илјади денари кога на сметката имало 800 000.
-Сојузот имал заштеда на сметката до тој датум и поголем износ, а долг не. Сите здриженија си имаат земено плата се е чисто подмирено до сите здруженија како што треба да биде, плус за материјални трошоци – рече Стојановски.
Актуелниот претседател Стојановски објаснува дека исплаќал и стари долгови од кој најголем е оној за реновирањето на објектот на здружението во Куманово. На Собранието на кое официјално беше прогласен од в.д во претседател бил поканет и Таировски кој одговорил со порака дека има грип и не може да присуствува, а пред камерата на тв21 изјави дека воопшто не добил покана. Таировски го обвинува актуелниот претседател за недомаќинско работење, посочувајќи дека извршил уплата од поголема сума на пари во Бутел.
-Јубилејот беше на 28 септември и самиот настан бара тековни трошоци, организација, кетеринг, плаќања за салата, толкувачи, маици, брошури, доаѓаа членови од цела Македонија, но тие сретства се одобрени од самото ресорно Министерство – изјави Стојановски.
Од Сојузот на глуви и наглуви најавуваат протест во текот на наредната недела за побрза разрешница за целиот случај за кој има предмет и во ОЈО, а Таировски вели повторно ќе се обиде да се запише во Централен регистар. Стојановски би сакал дури и телевизиско соочување со Таировски. Од Центарлен регистaр во врска со честата промена на имињата на Претседателите на Сојузот ни одговорија ја разгледува пријавата, притоа не испитувајќи ја законитоста и вистинитоста на содржината на прилозите, ниту законитоста на постапката во која тие се донесени.
РЕПОРТЕРКА: АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА