Екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска вечерва за ТВ21 вели дека не го гледата интервјуто со поранешниот премиер, а сега азилант Никола Груевски.
„Видов најава, но не го гледав интервјуто, имам некои други приоритетни фамилијарни обврски“, рече Гордана Јанкулоска за ТВ21.
Груевски вечерва во интервју за Сител, рече дека не и замерува на Јанкулоска за нејзните реакции бидејќи ја разбира како што вели под каков притисок се наоѓа.
Пред два месеци екипа на ТВ21 разговараше токму на оваа тема со Гордана Јанкулоска во емисијата „10 МИНУТИ“.