Македонија

Комисијата препорача одземање на имунитетот на Димовски, Ласковска: 8 пати за 2 години, рушите рекорди

Со 5 гласа ЗА и 4 ПРОТИВ Собраниската комисија за деловнички мандатно-имунитетни прашања го усвои барањето на Основен Суд Скопје 1 за притвор на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Димовски. Сега треба да се закаже пленарна седница, на која со 61 пратенички глас екс министерот за земјоделие може да остане без пратенички имунитет. Околу 4 часа траеше дебатата со многу реплики и обвинувања меѓу власта и опозицијата. Опозицијата побараа на нивниот колега да не му се одзема имунитетот туку тој да се брани од слобода, со образложение дека  во врска со настаните од 27 април тој не се обидел да избега, не може да влијае врз сведоците и не може да го повтори делото за кое се сомничи, бидејќи веќе не е министер за земјоделие.

Пратеникот Љупчо Димовски, во владата на Груевски беше министер за земјоделие, а се сомничи за злоупотреба на службената должност при доделувањето на земјоделска помош и давањето под наем на земјоделско државно земјиште. Тој не е единствениот осомничен. За 584 постигнати договори и за оштетување на буџетот со над 1,4 милиони евра, осомничени се и екс министерот Михаил Цветков и екс заменик министерот Кристијан Делев, на кои судот веќе им одреди мерка притвор од 30 дена. На четвртиот осомничен, екс министерот за земјоделие, Ацо Спасеновски, поради здравствени причини, одреден му е домашен притвор.

РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни