Македонија

СДСМ: Кукавицата Груевски ќе се врати, ама во затвор

СДСМ одговори на интервјуто на Никола Груевски во кое вели дека еден ден ќе се врати во Македонија, и дека поради политички прогон моментално е во Унгарија. Владеачката партија му одговори дека Груевски може да се врати во Македонија, земја членка на НАТО, но само во – затвор.

„Македонија во среда седнува на своето столче во НАТО, а кукавицата и бегалец од правдата Никола Груевски, го чека неговото столче во ќелија.

Успехот на Република Македонија е неговиот најголем пораз. Шефот на Мицкоски од Будимпешта, агентот Груевски глуми жртва и патолошки лаже.

Граѓаните, жртвите на Никола Груевски и неговото криминално, режимско владеење кое им одзеде 11 години од животите,  одамна го оставија и му кажаа: збогум криминалецу!

Во главата на Груевски има само ликвидации и црни сценарија исто како кај Мицкоски. Граѓаните слушнаа дека истите зборови на Никола Груевски излегуваат речиси секојдневно од устата на неговиот пион Христијан Мицкоски.

Јасно е, Христијан Мицкоски е  марионета која мисли дека му го чува местото на Груевски. Најголемата казна за Груевски е што му пресуди народот, а сега, на изборите истото го чека и неговата марионета Мицкоски.

Груевски може да ги почне мемоарите, но ќе ги заврши во затвор. Ќе се врати и ќе одлежи според стандарди, во нашата демократска и напредна земја, членка на НАТО“, велат од СДСМ.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни