ВМРО-ДПМНЕ во соопштение во кое уште еднаш на ја нападна власта за урнисување на институциите, за хаос во образованието, за колапс во здравството. Опозицијата со бројки покажува дека трошоците за живот растат, а дека платите наместо да растат за граѓаните, растат само за вицепремиерите.
„СДСМ наместо живот им донесе беда на македонските граѓани. Со криминалниот картел на власт во континуитет се зголемува сиромаштијата во Република Македонија. Преку 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата додека функционерите од власта секојдневно се богатат со нови грантови и тендери.
Откако е СДСМ на власт трошоците за живот постојано растат. Индексот на трошоците за живот во 2018 наспроти 2017 е пораснат за 1,5%, а индексот на цените на мало пораснат е за 2,7% . Тоа покажува дека власта на граѓаните им донесе поголеми давачки и наместо парите да одат кај граѓаните тие одат директно кај криминалниот картел на аболицираниот Заев.
Економијата е закована на дното. За прв државниот долг ја надмина психолошката граница од над 5 милијарди евра, додека пак државниот долг порасна над 4 милијарди евра. ММФ оцени дека растот на БДП во 2018 година ќе биде 2%, што е многу далеку од ветените 5%.
Наместо да растат платите на граѓаните, растат платите на вицепремиерите. Растат даноците, растат државниот и јавниот долг , а расте и корупцијата. Власта ја закова Македонија на 93 место на листата на Транспаренси Интернешнл на индексот за корупција, во друштво на Гамбија, Косово, Монголија и Панама.
СДСМ ги урниса институциите во земјава, судството и обвинителството работат по партиска нарачка, здравството е во колапс, образованието во тотален хаос и целото општество е поделено. Власта со насилното и неуставно носење на законот за јазици ја поларизира државата и ги подели граѓаните како никогаш досега.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.