Македонија

Ѓорѓиевски: Во Скопје пријавени 520 кражби, откривачката дејност на МВР не надминува мизерни 2%

Од 520 кражби во јануари месец, откривачката дејност е само мизерни 2%, рече членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција одржана во седиштето на партијата.

„Скопје е во хаос. Криминалци ги владеат улиците, а Оливер Спасовски и раководството на МВР ја парализираа полицијата оставајќи простор за беззаконие. Граѓаните се чувствуваат несигурно бидејќи се препуштени сами да се бранат од насилници и разбојници. Доколку на почеток имаше оправдување дека ваквата катастрофа е заради неспособноста на Спасовски, сега стануваат се посилни сомнежите дека тој и неговите соработници се во сериозна коалиција со криминалот.

Еве за што говориме. Само во јануари во Скопје се пријавени над 520 кражби и тешки кражби. Тоа се над 520 семејства кои се ограбени и трауматизирани. Повеќе од 20 на ден. Уште потрагично е што Спасовски седи со скрстени раце. Реализацијата, односно откривачката дејност на полицијата не надминува мизерни 2%. Односно се откриваат само криминалците кои не плаќаат рекет и ме соработуваат со оваа власт.

Речиси нема место во Скопје каде последниот месец не се случила кражба. Имотот на граѓаните е загрозен, а Оливер Спасовски мува не го лази. Тој се занимава само со внатрепартиската битка во СДСМ за кандидат за претседател. Се ограбува на големо, од домови, продавници, автомобили. Впрочем за тоа и алармиравме кога власта на СДСМ ослободи 850 осудени затвореници од затворите и ги пушти на улиците. Заради тоа сега Скопје е во хаос.“, изјави Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни