Македонија

Се оформува нова Антикорупциска, се интервјуираат 57 кандидати

Денеска во Собранието на Македонија се вршеа интервјуа на кандидатите кои би биле дел од новата Комисија за спречување на корупцијата. Во трката се 57 кандидати кои исполниле услови од 80-те пријавени. Денеска 15 ги презентираа своите способности. Сите ветуваа дека нема да потпаднат под политички притисоци.

Еден од кандидатите е обвинителот во случајот „Пуч“ Златко Биковски. Тој при денешното интервју соопшти дека во минатото имало обиди за влијание од страна на пратеници во Собранието кои имале интерес за некоја постапка или лице, но неговите реакции на таквите обиди за влијанија биле „културни и професионални, но ригорозни“.

Откако сите кандидати ќе ги поминат интервјуата пред собраниската комисија, треба да одбере 7 члена заедно со претседателот на Комисијата. Се очекува на 8. февруари кандидатите да бидат ставени на гласање во Собранието.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни