Во 2021 година, луѓето ширум светот станаа потажни, позагрижени и под поголем стрес отколку во претходната 2020 година, кога беше и рекорд за негативни емоции (тогаш започна глобалната пандемија ковид-19), се вели во годишната студија на светската асоцијација Галуп.
Студијата опфаќа 122 земји и се однесува за негативните и позитивните емоции на народите во светот.
Луѓето биле прашани дали доживеале негативни емоции претходниот ден, а резултатот се составува во индекс.
Повисоките вредности значат повеќе негативни емоции. Имено, во 2021 година, четворица од 10 возрасни ширум светот изјавиле дека доживеале многу грижи (42%) или стрес (41%), а нешто повеќе од три од 10 доживеале физичка болка (31%). 28% биле тажни, а 23% лути.
Процентот на луѓе под стрес е на рекордно високо ниво, односно 2021 година била најстресната година според Галуп.

Помалку луѓе отколку во 2020 година имале позитивни искуства.
Седум од 10 луѓе се чувствувале добро одморени, чувствувале задоволство (70%), се насмеале или се смееле (72%).
Речиси 9 од 10 се чувствуваат почитувани од другите (86%).
50% велат дека научиле или направиле нешто интересно ден пред да бидат анкетирани.

Сепак, истражувањето покажува дека токму Авганистан е земјата во која луѓето почувствувале најмногу негативни емоции во 2021 година, односно дури 80% биле загрижени, 74% под стрес, а само 18% се смееле или се насмеале претходниот ден.
Индексот на негативни емоции е многу висок и во Либан и Ирак.
Интересно е што Турците се шести во светот во оваа негативна ранг-листа.
Индексот за негативни емоции пак е најмал во Естонија, Киргистан, Латвија, Русија (истражувањето е спроведено пред почетокот на војната во Украина) и Јужна Африка.
Најдобро се чувствуваат луѓето во Панама, Индонезија и Парагвај (според индексот на позитивни емоции).
Исланд и Данска се единствените европски земји во топ 10 на ова рангирање.
Но како се чувствуваа Македонците?
Според податоците, дури 26% биле лути или под стрес во Македонија, што значи дека останатите 74% имале позитивна година.
Од регионот пак 16% од Бугарите биле лути, 32% под стрес, 34% заглавени во грижи, додека пак 62% се чувствувале добро.
Вака мерено, излегува дека Македонија, како и соседна Бугарија никако не биле најнесреќни дури ни во Европа.
57% под стрес во Грција, 52% загрижени во Италија. Ако 71% од Бугарите уживале во денот, 66% во Србија и 59% во Шпанија.
Не само пандемијата е виновна за зголемувањето на негативните емоции ширум светот – ова е тренд веќе една деценија. Важно е политичарите да анализираат зошто светот се движи по оваа траекторија и да размислуваат за промени, е анализата на експертите од Галуп.