Македонија

Филмот од Македонија награден во Америка – „Медена Земја“ освои три награди на „Санденс“

Со победа во три категории, филмот од Македонија „Медена земја“ во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска победи во конкуренцијата за документарни филмови од цел свет, на американскиот филмски фестивал Санденс. На церемонијата која се одржа вчера во Парк сити, Јута, САД, „Медена земја“  ја доби Големата награда од жирито за најдобар документарен филм во продукција на Атанас Георгиев.

„Што друго да се каже? … Република Македонија – нашата мала многу загадена земја на која сум многу желен да ѝ ја пратам оваа порака, до сите македонски граѓани и владата: Ве молам, исчистете го воздухот во нашата земја – земјата со најголемо аерозагадување во светот. Ве молам направете го тоа.“, рече Георгиев.

„Медена земја“ беше во официјална конкуренција на американскиот фестивал на филмот Санденс заедно со уште 11 други документарни филмови од цел свет. Филмот доби уште две награди. Котевска и Стефанов добија специјално признание од жирито за влијание за промена.

„Денеска нашата планета се соочува со најголемиот предизвик на животната средина. Нашето општество се соочува со моралниот предизвик. Нашиот вид се соочува со егзистенцијалниот предизвик. Една од главните причини за ова е употребата на природните ресурси“, изјави Стефанов.

За прв пат во историјата на оваа манифестација со светско реноме, некој проект е награден со три награди. Третата награда ја добија снимателите кои работеа на овој филм, Фејми Даут и Самир Љума, кои добија награда за најдобра кинематографија.

„Оваа награда има огромно значење за нас и за целата наша екипа, како и за нашата мала земја, од каде што доаѓаме, Македонија.“, рече Љума.

Ова е прв пат македонски долгометражен документарен филм да влезе во конкуренција и да освои награда на „Санден“с и токму заради тоа има огромно значење за кинематографијата во Македонија. Филмот оваа година го очекуваат важни презентации на светските фестивали. Премиерата во Скопје ќе се одржи на почетокот од март, а деталите околу датумот и местото на одржувањето ќе бидат познати по враќањето на екипата од САД.

РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни