Малолетничката бременост во последните две години бележи алармантен пораст. Според последното истражување на Народниот правобранител за период 2016-2017 се породила 731 малолетничка.
Социологот, Илија Ацески главна улога имаат три клучни фактори. Недоволната посветеност на родителите кон нивните деца, особено во чувствителната возраст, како што е периодот од 7 до 10 години. Ова се случува кај децата чии родители немаат време да се грижат за нив и ги оставаат да растат сами.
Вториот фактор, според Ацески се социјалните мрежи. Децата преку интернет добиваат неселективни информации, кои не содржат образовната основа.
Според Ацески, најголем виновник за бременоста кај малолетничките е образовниот систем. Наставниците и педагозите според него, не им пренесуваат на децата знаења за сексуална едукација.
Посебниот извештај на Народниот правобранител за периодот 2016-2017 година, покажува дека се породиле 731 малолетничка. 62 девојчиња под 18 години, ја прекинале бременоста, а 23 од нив немале повеќе од 16 години. Најмалата имала само 11 години.
Во поголемиот број на случаи, малолетничките ја прекинуваат бременоста, но и школувањето.
Заменикот на народниот правобранител, Васка Бајрамовска – Мустафа, вели дека скоро сите малолетнички се породиле во вонбрачна заедница. Нема точни податоци за бројот на ваквите случаи. Тоа води кон погрешни бројки, други податоци произлегуваат од прашалникот, а други податоци произлегуваат од набљудувањето на констатираната состојба. Ова укажува дека е потребно итно донесување на деловник со кој Здравствените домови ќе мора да водат детална евиденција за малолетничката бременост.
РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ