Зоран Заев со владината делегација на официјална средба и церемонија за потпишување на програмата за соработка во областа на културата меѓу Македонија и Бугарија.
На средбата со Бојко Борисов како што најавија од Владата, ќе стане збор за развојот на соработката во разни сектори, проекти од областа на инфраструктурата и транспорот, како и спроведување на договорот за пријателство, добрососедство и соработка.
Програмата започнува со заедничко положување на венец пред спомен-бистата на Гоце Делчев во градскиот парк „Борисова градина“ по повод 147 годишнината на неговото раѓање. Венците ќе ги положат министерот за култура на Република Македонија, Асаф Адеми и министерот за култура на Република Бугарија, Боил Баново.