Свет

Шумски пожари беснеат во југозападна Франција – евакуирани се 6.000 луѓе

Шумски пожари беснеат во југозападна Франција – евакуирани се 6.000 луѓе

Шумски пожари беснеат во југозападна Франција, јавува Франс 24. Уништени се 16 куќи, изгорени се 6.000 хектари земја. Околу 6.000 луѓе се евакуирани од регионите погодени од пожарот.

Франција, како и остатокот од Европа, се бори со топлотни бранови и суша кои предизвикаа бројни шумски пожари низ целиот континент во последните два месеци.

„Пожарот расте и веќе се прошири на одделот Ландес“, се вели во соопштението на локалните власти во винскиот оддел Жиронд, додавајќи дека се мобилизирани 500 пожарникари.

Жиронд во југозападна Франција во јули беше погоден од два шумски пожари кои уништија повеќе од 20.000 хектари шума и доведоа до евакуација на речиси 40.000 луѓе.

Пожари беснеат и во други делови од земјата. Во јужните одделенија Лаузер и Авејрон, каде што веќе изгореа речиси 600 хектари и каде министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин треба да замине подоцна во текот на денот.

Уште еден пожар гори во департманот Мејн и Лоара во западна Франција, каде изгореа 650 хектари, а 500 се во опасност, соопштија локалните власти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни