Македонија

Четворица уапсени за разбојништвата со смртни последици во Хром и Ѓорче Петров

Четворица уапсени за разбојништвата со смртни последици во Хром и Ѓорче Петров

Полицијата уапси четири лица осомничени за две разбојништва со смртни последици, извршени на 22 октомври во скопската населба Хром и на 27 октомври во Ѓорче Петров, соопшти МВР.

Од слобода вчера биле лишени А.С. (22), Х.Е. (20) и К.А. (58), сите од Скопје, како и М.Р. (26) од Струмица.

Според полицијата, четворицата се сомничат за двете кривични дела „разбојништво“ со последица смрт.

Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје и по издадени наредби, се преземаат дејства за комплетирање на доказниот материјал за натамошната постапка.

За осомничените е побаран краткотраен притвор, а од МВР најавуваат дека ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни