Свет

Велика Британија и Кина ги обновуваат патничките летови меѓу двете земји

Велика Британија и Кина ги обновуваат патничките летови меѓу двете земји

Кина и Британија се согласија да ги обноват директните патнички летови меѓу нив . Ова го пренесува агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на британската амбасада во Кина.

Директните летови првично ќе бидат обезбедени од кинески авиокомпании, а продолжувањето на летовите на Бритиш ервејс сè уште е во процес, се вели во соопштението на амбасадата на својот официјален профил на социјалните мрежи.

Кина ги суспендираше летовите до и од Велика Британија на неодредено време на крајот на 2020 година поради стравувања од нов вид на коронавирус.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни