Свет

Ердоган се сретна со Еди Рама во Анкара

Ердоган се сретна со Еди Рама во Анкара

Турскиот претседател Реџеп Ердоган се сретна со албанскиот премиер Еди Рама во Анкара, објавија турската државна телевизија ТРТ-Хабер.

Ердоган го прими Рама во претседателската палата Бештепе во турската престолнина. Средбата се одржа зад затворени врати.

Еди Рама вчера присуствуваше и на церемонијата на отворање на Петтите исламски игри на солидарност во Коња, Централна Турција. Игрите ги отвори претседателот Реџеп Таип Ердоган, а на церемонијата беа присутни и голем број лидери на муслиманските земји.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни