Во врска со инцидентот во трговскиот центар „Мавровка“ од полицијата соопштуваат дека силниот звук кој ги испаничи луѓето доаѓал од проектил од рачен фрлач кој бил испукан во кафулето „Фонтана“.
„На 04.02.2019 околу 01.35 часот пријавено е дека во угостителски објект на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје, кој во тоа време не работел, бил испукан проектил од рачен фрлач. Повредени лица нема. Според пријавеното, оштетени се стакла од објектот, како и од околните дуќани. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот“, соопштија од МВР.