Свет

Постојат „големи сомнежи“ дека пожарите кои ја зафатија Франција се „чин на пиромани“

Постојат „големи сомнежи“ дека пожарите кои ја зафатија Франција се „чин на пиромани“

Министерот за внатрешни работи на Франција Жералд Дарманан изрази „големи сомневања дека пожарот што продолжи (во Жиронд), е дело на подметнувачи на пожари“, јави дописникот на МИА.

„Утринава имаше осум пожари, помеѓу 8.00 и 9.00 часот, кои започнаа на неколку стотини метри оддалеченост, што е сосема невообичаено“, рече министерот.

Повеќе од 1000 пожарникари беа мобилизирани како одговор на пожарите во регионот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни