Торнадо предизвика паника во градот Каламата, јужна Грција, од каде неколку секунди мина низ централниот плоштад Отонос, пренесува „Катимерини“.
Торнадото кое траеше вкупно околу половина час е ретка појава на овие простори.
Иако беше релативно краткотрајно, оштети дрвја и ресторани.
Според информациите, една жена била полесно повредена од паднат чадор. Нема извештаи за други жртви.
Противпожарната служба и службите од општина Каламата веднаш пристигнале на местото на несреќата за отстранување на паднатите дрвја и другиот шут.