Свет

Кралицата Летиција се соочи со критики за краток фустан

Кралицата Летиција се соочи со критики за краток фустан

За време на летниот одмор на шпанското кралско семејство на Мајорка, кралицата Летиција се појави во јавноста во прилично смела облека за нејзиниот статус. За вечера и вечерни прошетки, сопругата на кралот Филип Шести избра мини фустан од шпански бренд, во комбинација со еспадрили.

Фотографиите брзо се проширија на мрежата, но не сите го ценеа новиот имиџ на 49-годишната Летиција. Кралицата беше критикувана на Инстаграм поради изборот на мини фустан, за кој некои корисници сметаа дека е несоодветен за нејзината позиција.

„Извинете, но ова е тотално несоодветно за кралското семејство“, напиша корисникот @cesarpeluso.

„Зошто е облечена како нејзините ќерки“ праша @giu.lia.76.

„Каков хаос! Имаш скоро 50 години и кралица!“ се налути @arteflaviacuruchet.

Сепак, други ја поддржаа Летиција. „Срамота е толку многу жени да критикуваат друга жена поради нејзиниот фустан. Живееме во 21 век, а не во 19“, напиша @larissapitta.

„2022 година е и луѓето (најчесто жени) критикуваат друга жена во краток фустан?! Ја сакам жешката розова боја на фустанот и чевлите, а особено ми се допаѓа што во лето за време на лична прошетка, таа е доволно самоуверена и модерна за да носи краток фустан, поддржа кралицата @florence.pit.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни