Свет

Природниот гас во Европа со нов ценовен рекорд – над 212 евра за мегават час

Природниот гас во Европа со нов ценовен рекорд – над 212 евра за мегават час

Природниот гас во Европа поскапе за 3,62 отсто од 11:30 часот по македонско време, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Во моментов, септемвриските фјучерси на центарот TTF во Холандија се тргуваат по 212,81 евра за мегават час, или над 2.210 долари за 1.000 кубни метри, што е нова највисока цена на сите времиња. Претходниот рекорд беше поставен на 27 јули годинава, кога берзата се затвори по цена од 205,77 евра за мегават час.

Берзата синоќа затвори по цена од 205,37 евра за мегават час. Утринава во 9:00 часот по бугарско време тргувањето започна по 206 евра за мегават час. Од крајот на јули цената на синото гориво варира околу и над 2.000 долари за 1.000 кубни метри.

На „Gas Hub Balkan“ во сегментот „ден пред“, природниот гас со ден на испорака за денеска, 11 август, е поскап за 1,40 отсто (279,65 лева за мегават час) во однос на цената со ден на испорака за вчера. – 275,80 лева за мегават час.

Во сегментот „интраден“ сè уште нема затворени зделки. Референтната цена за денеска, 11 август, изнесува 279,65 лева за мегават час.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни