Главниот извршен директор на ТАВ Сани Шенер, беше одликуван со Медал од Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска во Резиденцијата на Претседателот, Вила Водно.
Шенер утрово пристигна во државата со своето семејство и извршни директори на ТАВ Аеродроми од Истанбул, Турција, за да го прими ова одликување кое се доделува за постигнати резултати што придонеле за значаен развој и афирмација на Република Македонија во сите сфери на живеењето и работењето, како и за развој на пријателски односи меѓу Република Македонија и Република Турција.
Свечената церемонија во Вилата Водно беше проследена од бројна публика, вклучувајќи ја и Амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, како и директорите на ТАВ Македонија.
Мустафа Сани Шенер е Главен извршен директор на ТАВ Аеродроми, Член на Одборот на Директори и Претседател од 1997 година. Тој е Машински инженер, магистрирал на Универзитетот во Сасекс во Велика Британија, а се стекнал и со Почесен Докторат по инженерство од КТУ за „неговите непроценливи придонеси за развој на турското инженерство на меѓународно ниво“, како и Почесен Докторат за Бизнис администрација од Универзитетот Њу Хемпшир „за неговите достигнувања во управувањето со проекти и управувањето со ризици во текот на неговиот мандат во ТАВ“. Ја има посетувано извршната образовна програма за управување со комплексни системи на Институтот за технологија во Масачусетс (Массацхусеттс Институте оф Тецхнологѕ – МИТ). Има одржано предавања на МБА-програмата при Бизнис школата на Харвард за Студија на случај за ТАВ Аеродроми од ХБС.
ТАВ Македонија продолжува да бележи двоцифрено зголемување на бројот на патници на двата македонски аеродрома – Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродром Св. Апостол Павле Охрид. Компанијата ја заврши 2018 година со 2,3 милиони (2.342.541) патници на двата аеродрома, што е 16% пораст на годишно ниво, додека бројот на летови беше зголемен за 9%, односно вкупно 19.750 летови.
