Ограбена е банката „Халкбанк“ на улицата „Јадранска магистрала“ во Визбегово. Неколку лица влегле со калашникови и им се заканиле на вработените.
И додека се чека соопштение од МВР, се огласија од „Халкбанк“.
„Во врска со денешниот грабеж во нашата филијала на улица „Јадранска магистрала“ во Визбегово, „Халкбанк АД Скопје“ ја известува јавноста дека нема повредени и дека ситуацијата е ставена под контрола од страна на надлежните институции кои работат на расветлување на случајот.
Халкбанк воедно ги известува сите свои клиенти дека нивните средства се осигурени согласно политиките на Банката.“, изјавија од банката.