Свет

Портпаролот на ЕУ: Компромисот во дијалогот меѓу нив зависи од Белград и Приштина

Портпаролот на ЕУ: Компромисот во дијалогот меѓу нив зависи од Белград и Приштина

ЕУ не наметнува одлуки, туку само се обидува да им помогне на Белград и Приштина да најдат компромис во дијалогот меѓу нив, изјави портпаролот на ЕУ Петер Стано, цитиран од Танјуг и БТА.

„Можеме да го олесниме дијалогот се додека двете страни имаат волја да најдат компромис. Им помагаме на страните да најдат решенија, но од нив зависи дали се подготвени да ги направат потребните компромиси“, коментира Стано.

Стано истакна дека без напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина, нема да има напредок на патот кон ЕУ, пишува приштинското издание „Коха“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, ја прифатија поканата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, да се сретнат во Брисел на 18 август.

Косово се отцепи од Србија и прогласи независност во 2008 година, признаено од над 100 земји. Меѓутоа, Белград не ја признава независноста на Косово.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни