Свет

Вториот пожарникар загина во голем пожар во нафтена постројка во Куба

Вториот пожарникар загина во голем пожар во нафтена постројка во Куба

Вториот пожарникар загина на Куба, каде неговите колеги го гаснеа огромниот пожар што избувна минатата недела во нафтена база. Дваесет и четиригодишниот маж починал во болница, каде што бил сместен во исклучително тешка состојба, јави Асошиејтед прес.

130 лица се повредени во пожарот, кој во петокот го предизвика гром и зафати четири од осумте цистерни, а 14 пожарникари се уште се водат како исчезнати. Пожарот принуди евакуација на над 4.900 луѓе и доведе до привремено затворање на термоцентрала поради недостиг на вода. На помош дојдоа противпожарни екипи од Мексико, Венецуела и Боливија.

Министерството за наука и животна средина на Куба соопшти дека со радар го следи ширењето на чадот и дека квалитетот на воздухот е под контрола.

Според претседателот на земјата, Мигел Дијаз-Канел, цитиран од ТАСС, пожарот во областа на пристаништето во градот Матанзас веќе е изгаснат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни