Инфлацијата во Аргентина во јули достигна 71 отсто на годишна основа во позадина на акутната економска и финансиска криза, објави вчера државниот статистички институт. Само во јули потрошувачките цени пораснале за 7,4 отсто во однос на претходниот месец, јави ДПА.
Владата неодамна објави дека ќе ги замрзне цените и платите на два месеци за да ја забави девалвацијата на националната валута, пезосот. За финансирање на буџетскиот дефицит, централната банка на земјата постојано печати нови пари.
Стапката на инфлација во Аргентина е меѓу највисоките во светот. Освен тоа, оваа латиноамериканска земја со години е во длабока економска криза поради надуената бирократија, ниската продуктивност во индустријата и големата сива економија која ја лишува државата од даночни приходи. Во меѓувреме, вредноста на пезосот во однос на американскиот долар постојано паѓа, а државниот долг се зголемува, соопшти ДПА.