Балкан

Детали за масакрот во Цетиње – напаѓачот убиен во пресметка со полицијата

Детали за масакрот во Цетиње – напаѓачот убиен во пресметка со полицијата

Во Цетиње во населбата Медовина, во близина на Владата, загинаа 11 лица, меѓу кои и напаѓачот, додека шестмина се повредени, меѓу кои и припадник на полицијата, потврдија за РТЦГ од Управата на полицијата.

РТЦГ дознава дека на трагедијата и претходел семеен конфликт, по што напаѓачот по случаен избор пукал во случајни минувачи на улица. Напаѓачот пукал и кон полицијата, а во таа пресметка бил убиен.

Четири ранети се хоспитализирани во болницата во Цетиње, додека двајца повредени се пренесени во Клиничкиот центар во Подгорица.

Според неофицијални информации, напаѓачот е 34-годишен маж, кој пукал и во деца.

Тој дел од градот беше блокиран, зголемено е присуството на полиција, а се собраа и голем број цетињани.

Очевидци велат дека напаѓачот шетал низ населбата и пукал во граѓани кои случајно се нашле таму.

Засега нема официјални информации.

Децата кои престојуваат во Цетиње во Младинскиот камп се безбедни и во ниту еден момент не биле во опасност за време на инцидентот што се случи недалеку од зградата на Владата, изјави за „Вијест“ Јован Дашиќ од Младинската мрежа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни