Македонија

СДСМ распиша отворен повик за претседателски кандидати

После ВМРО-ДПМНЕ каде што имаше оглас за пријавување на претседателски кандидати на престојните претседателски избори, истото денеска го стори и СДСМ.

Владеачката партија распиша отворен повик за самокандидирање на кандидати за Претседател на Република Македонија на претседателските избори оваа година.

Заинтересираните треба да ги достават своите кандидатури најдоцна до 19.02.2019 година во седиштето на партијата.

Досега кај СДСМ се шпекулираше со неколку кандидати, меѓу кои Никола Димитров и Оливер Спасовски. Премиерот Заев истакна дека нема намера да се кандидира за претседател на земјата.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни