Балкан

Тродневна жалост во Црна Гора по трагедијата во Цетиње

Тродневна жалост во Црна Гора по трагедијата во Цетиње

Владата на Црна Гора вечерва ќе прогласи тридневна жалост за големата трагедија што денеска се случи во Цетиње, најави премиерот Дритан Абазовиќ.

Ова го објави на Телеграм, откако денеска во населбата Медовина во Цетиње, во близина на Владата, загинаа 11 лица, а шестмина беа повредени.

Абазовиќ претходно изјави дека денеска се случила трагедија која Црна Гора не ја памети и ги повика сите граѓани да бидат со семејствата на невините жртви.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни