Македонија

На гинекологијата во Чаир и се заканува затворање: 4.000 мајки од опасност да се породат на друго место

Гинеколошката болница во Чаир, каде годишно се раѓаат над 4.000 деца, можно е да биде затворено. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, рече дека ќе ја затвори болницата Мајка Тереза доколку не престане со употреба на мазут во печките, со што предизвикува тешко загадување на воздухот. Меѓутоа на овие печки, освен што се загрева внатрешноста на болницата каде се наоѓаат родилките и новороденчињата, се загрева и вода.

Портпаролот на Гинеколошката болница во Чаир Илир Шурдани, рече дека пред две години аплицирале за едне проект со кој се предвидува комплетна замена на печките и истиот е во фаза на втора ревизија. Тој вели дека Министерството за здравство го разгледала проектот и се очекува во секој момент да се отвори лицитација. Шурдани вели дека водата која се загрева е елементарна и неопходна за 4000 мајки и 4000 бебиња кои се хоспитализираат секоја година.

„Ниту еден чад не е добар за здравјето, но ние треба да им обезбедиме на бебињата, мајките и на родилките топла вода, со оглед на тоа дека е елементарна потреба. Водата е основна потреба и ние како болница не можеме да функционираме без тоа“, вели Шурдани.

Пред пет месеци, за ТВ21 од Министерството за здравство беше ветено дека нема да излегува чад од Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза„ во Чаир.

„Јас верувам и ќе инсистирам ЗИМАТА 2019 година, во болницата во Чаир топлификацијата и другите услуги да добијат  нова инсталација и веќе да не го гледаме тој чад над општина Чаир и граѓаните на Чаир“, изјави заменик министерот за здравство Асим Муса.

Во оваа болница оџаците работат без филтри бидејќи ниту една компанија не презема обврска да гарантира за нивното функционирање. Болницата работи со систем за греење од 1954 година.

РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни