Македонија

Кога ќе се случи реконструкција на албанскиот театар? Помина јануари, „пролет“ ново ветување од надлежните

Албанскиот театар во Скопје никако да започне со работа. Рокот кој и овој пат не се испочитува од страна на надлежните, беше јануари. Василинка Герасимова надзорничката на објектот за ТВ21 вели дека Албанскиот театар со работа се очекува да започне оваа пролет, без да се одреди точен датум. Според неа, во моментов се во тек завршните работи.

Од ЕВН за ТВ21 велат дека поврзаноста на објектот на Албанскиот театар на дистрибутивната мрежа е во финална фаза и ќе се финализира на 7 март.

„Работата од страна на Електродистрибуција е завршена уште пред Нова Година и по потврдата од Албанскиот театар Скопје дека и нивниот дел е завршен а истовремено е комплетирана и документацијата, одреден е датум за поврзување на објектот на мрежата. За ова поврзување, раководството на Центарот на потрошувачи – Васил Главинов, беше во постојан контакт со раководството на Албанскиот театар Скопје, со цел што поскора реализација и ефикасност на мрежата.“

Од друга страна, Нурџане Асановска од Министерството за култура вели дека Албанскиот театар ќе почне со работа откако ќе добие дозвола за работа, што според неа ќе потрае до крајот на годината.

„Објектот треба да се пушти во употреба по добивање на дозвола за употреба. По завршување на градежните работи од страна на изведувачот, што се очекува да биде во првото тромесечје од годинава, ќе се изврши техничка анализа на терен, отстранување на евентуалните недостатоци, обезбедување на дозволите за употреба на посебните системи, инсталации и опрема, и по обезбедување на целосната документација, ќе се спроведе техничка контрола. Сите процедури за обезбедување на дозвола за употреба треба да завршат до крајот на оваа година.“

Во ноември, 2018, Албанскиот театар во Скопје доби 810 илјади евра од буџетот на Министерството за култура, предвидени за следната година. Министерот за култура, Асаф Адеми пред извесно време рече дека очекува оваа културна институција наскоро да биде готова. Инаку, работите во Албанскиот театар во Скопје во вредност од 8 милиони евра требаше да завршат во септември 2015 година.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни