Кај „Сити Мол“ на булеварот Илинден, има вода и сообраќајот е во прекин. Булеварот е поплавен поради тоа што пукнала голема цевка, пренесува порталот „Сакам да кажам“.
Екипи на ЈП „Водовод и канализација“ во моментов работат на санирање на овој проблем.
Исто така поради овој проблем, делови од населбата Карпош 4 се без вода.