Македонија

Правен совет на Џафери за Груевски: Ангажирај адвокат можеш да ја вратиш пратеничкта плата

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во вечерашното издание на дебатниот магазин на ТВ21 „Click Plus“ рече дека на пленарната седница кога се стопираше пратеничката плата на Никола Груевски гласал воздржано бидејќи сметал дека не се во целост почитувани законските процедури.

Џафери смета дека доколку Груевски ангажира адвокат во врска со донесената одлука за стопирање на неговата пратеничка плата, може да го добие спорот и да се ги врати парите и тоа со камата.

Екс премиерот и пратеник Никола Груевски, сега азилант се наоѓа во Будимпешта, Унгарија каде побара политички азил, а како што изјави во ТВ интервју не се пријавил во затворот во Шутка бидејќи имал најава дека ќе биде ликвидиран, по како што вели во последен момент ја променил одлуката и се вдал во бегство.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни