Балкан

ГОРИ АВТОБУС НА АВТОПАТ: Нов инцидент попладнево во Бугарија

ГОРИ АВТОБУС НА АВТОПАТ: Нов инцидент попладнево во Бугарија

Повторно затворен автопатот Тракија кај Бургас поради нов инцидент.

Имено, на автопатот гори автобус, сопственост на општински превозник во кој се возеле 50 лица.

Инцидентот се случил попладнево, а групата патувала за Аитос.

На лице место се две противпожарни екипи кои го гасат пожарот. Според информациите, пожарот започнал од моторот на автобусот.

Нема информации за повредени лица.

Сообраќајот се пренасочува по заобиколните правци, за сообраќај е отворена само најлевата лента во правец на Софија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни