Македонија

Ѓорѓиевски: Затекнат маж како создава депонија во Кисела Вода, нулта толеранција

Ѓорѓиевски: Затекнат маж како создава депонија во Кисела Вода, нулта толеранција

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека доцна вчера фатен бил маж како создава депонија во Кисела Вода.

„На лице место фатен како создава депонија! За секоја ваква постапка нема толеранција! Доцна вечерва, инспекторите на Град Скопје затекнаа лице како фрла градежен шут и кабаст отпад околу контејнерите во Кисела Вода, создавајќи дива депонија. Истото е веќе санкционирано. Додека нашите екипи деноноќно работат за почист град, поединци го уништуваат сработеното и ја загадуваат околината во која сите живееме.

Таквата неодговорност нема да помине без санкција! Јасно кажав и останувам на зборот – нулта толеранција за секој што ги претвора јавните површини во депонии и го загрозува здравјето на граѓаните. Инспекторите се на терен 24 часа, а во тек е и постапка за поставување камери на јавни површини, за побрзо откривање и санкционирање на прекршителите. Скопје е наш заеднички дом.

Да се однесуваме одговорно!“, напиша градоначалникот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни