Балкан

Рестрикции во Косово: Струја ќе се исклучува на секои шест часа

Рестрикции во Косово: Струја ќе се исклучува на секои шест часа

Во Косово од денеска се воведува режим во снабдувањето со електрична енергија, соопшти Косовското претпријатие за снабдување со електрична енергија, со образложение дека нема средства за набавка на струја.

Корисниците ќе имаат струја шест часа, а потоа ќе бидат исклучени два часа, соопшти компанијата.

Потрошувачите ќе користат само домашно произведена електрична енергија бидејќи компанијата веќе нема финансиски средства да купува струја.

Од претпријатието посочуваат дека ваквата состојба настанала поради екстремно високите цени на струјата на меѓународните пазари и неисполнувањето на трошоците на системот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни