Младо момче (18) доби пет години на црната листа на холандската нискобуџетна авиокомпанија Трансавија, откако на другите патници им испратил фотографии од авионската несреќа непосредно пред полетувањето на летот од Ротердам до Задар, јавува Кроациавиашн.
Имено, на 18-годишникот не му е дозволено да лета со нивниот авион во следните пет години бидејќи само неколку минути пред да полета Б737-700 од Ротердам до Задар, испратил фотографии од урнати авиони на други патници во патничка кабина преку AirDrop.
Загрижените патници веднаш ја известиле кабинската екипа, па полетувањето било одложено и во авионот била повикана полиција.
Портпаролот на холандската нискобуџетна авиокомпанија за медиумите потврди дека фотографијата испратена до останатите патници е протолкувана како можна закана за бомба, и потенцијална најава што би можело да се случи со патниците на самиот лет доколку авионот полета.
Екипажот побарал од лицето кое ги испратило фотографиите да го напушти авионот, но младиот човек не сакал да стане додека капетанот не објавил дека авионот нема да полета додека не се најде одговорниот за злосторството.
Полицијата го извела младиот човек од авионот и е изведен пред судот.
Тој тврди дека нема лоша намера, туку да се пошегува со патниците.
Утврдено е дека се работи за психички стабилна личност, а авионот полетал од Ротердам со околу 40 минути доцнење до аеродромот во Задар.