Свет

Паѓа цената на нафтата

Паѓа цената на нафтата

Цените на нафтата паднаа во азиската трговија денеска, со што се смени нагорниот тренд од вчера, објави Ројтерс, повикувајќи се на БТА. Главната причина за падот е зголеменото производство на Русија и стравувањата од претстојната глобална рецесија.

Европскиот репер за фјучерси на северноморскиот брент паднаа за 33 центи, или 0,4 отсто, на 93,32 долари за барел.

Американската лесна сурова нафта загуби 40 центи, или 0,5 отсто, на 87,71 долари за барел.

Во средата, фјучерсите се зголемија за 1 отсто, откако Брент претходно го достигна најниското ниво од февруари.

Цените на црното злато постојано паѓаат веќе неколку месеци бидејќи објавените економски податоци говорат за забавување на глобалната економија, што може да доведе до рецесија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни