Свет

Случаите на мајмунски сипаници се зголемуваат во Европа

Случаите на мајмунски сипаници се зголемуваат во Европа

За една недела, случаите на мајмунски сипаници ширум светот скокнале за 20%, објави генералниот директор на СЗО.

Заразата е веќе регистрирана во 92 земји. Најмногу заболени има во Европа, САД и Латинска Америка.

Здравствените власти ги предупредуваат луѓето кои се заразени со мајмунски сипаници да се држат подалеку од своите миленици бидејќи животните се изложени на ризик да се заразат и со оваа болест.

Во Франција веќе има потврден случај на заразување на вирусот на италијански Greyhound.

Домашните миленици кои биле во контакт со заразено лице треба да се држат во изолација 21 ден, препорачува СЗО.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни