Свет

ДРАМА ПРИ ЛЕТАЊЕ: Патник сакал да го отвори излезот од авионот, викал „Се гледаме во рајот“

ДРАМА ПРИ ЛЕТАЊЕ: Патник сакал да го отвори излезот од авионот, викал „Се гледаме во рајот“

Низ вистинска драма поминале патниците на британската ТУИ на летот од Пафос за Манчестер, кој во понеделникот на 15 август околу 17 часот требало да тргне кон Манчестер.

Прво, авионот полетал со 6 часа доцнење поради работното време на екипажот од Кипар. Авионот бил Смартлинкс од типот А321, а поради проблематичен патник, екипажот решил принудно да слета на аеродромот во Загреб, јавува хрватската авијација.

Патниците за Манчестер ивнинг њуз рекле дека патникот среде летот консумирал бел прав, за кој многумина веруваат дека е кокаин, и се молел меѓу седиштата на подот во кабината. Пред да се упати кон излезот за итни случаи, тој им извикал на патниците „Се гледаме во рајот“, а потоа се обидел да ја отвори вратата додека авионот бил на висина на крстосување.

Неколку патници го собориле на земја и го спречиле во намерата.

ТУИ им се извини на сите патници. Споменатиот патник бил изнесен од авионот со полициска придружба и не го продолжил патувањето за Манчестер следниот ден. Во вторникот, во 20.30 часот, авионот полетал од Загреб за Манчестер, каде што патниците пристигнале со приближно 26 часа доцнење.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни